19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Porsche“ продаде повеќе „Taycan“ отколку „911“ и „Panamera“

„Porsche“ продаде повеќе „Taycan“ отколку „911“ и „Panamera“

Кросоверите „Cayenne“ и „Macan“ продолжуваат да бидат двата најуспешни модели на „Porsche“ на пазарот, но електричниот „Taycan“ сега е на третото место.

Компанијата објави дека оваа година продале 28.640 примероци од овој модел, па дури и е пред легендарниот „911“ во сите негови модификации.

Статистиката за продажба покажува дека 27.972 примероци од „911“ се доставени до клиентите од почетокот на годината. На четврто место е „Panamera“ со 20.275 продажби, потоа „718 Cayman“ и „Boxster“, со вкупно 15.916 примероци.

Лидер меѓу моделите на „Porsche“ останува „Cayenne“ со 62.461 продажба, следен од „Macan“ со 81.944 единици.

Генерално, брендот известува за 13% повеќе вкупна продажба, со раст на сите поголеми пазари.

„Многу високата побарувачка за нашите спортски автомобили продолжува и во третиот квартал, што нѐ прави особено горди и среќни“, рече Детлев фон Платен – член на Одборот на „Porsche“ кој е одговорен за продажба и маркетинг во компанијата.

Марката го објави својот најголем раст на американскиот пазар за 30% во однос на истиот период од минатата година. Во Северна и Јужна Америка, вкупниот пораст е 29%, додека во Кина е поскромен – само 11%.

„Листата на нарачки е полна до крајот на годината, што нѐ исполнува со ентузијазам. Сепак, ситуацијата со коронавирусот останува динамична и тоа претставува сериозни предизвици. Досега добро ни оди, бидејќи сме способни да реагираме многу брзо и флексибилно на сите промени“, рече Фон Платен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП