17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДа се интензивира откупот на пченицата

Да се интензивира откупот на пченицата

pcenica1

Да се интензивира откупот на пченицата од страна на сите инволвирани во процесот, апелира денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што соопшти, тоа е од особена важност во овој момент зашто значи заштита на интересите на индивидуалните земјоделски производители и на домашните компании од мелничко-пекарскиот сектор, како и стабилизирање на домашниот пазар со пченица и брашно.

– Остварувањето на овие цели за Министерството е приоритет кој е во интерес на Република Македонија и на македонското земјоделство, наведува МЗШВ во контекст на информациите објавени изминатите денови во некои медиуми.

Според Министерството, досега се откупени 120.000 тони или 82 отсто од планираните количини кои ќе се движат во границите на откупот од претходните жетви.

МЗШВ информира дека остварува секојдневна комуникација со сите фактори вклучени во процесот на откуп, со сите форми на здружување на земјоделците производители на пченица и мелничко-пекарскиот сектор преку која дополнително се следи количината на откупената домашна пченица и состојбите од терен. Во овој процес непосредно е вклучен и Државниот инспекторат за земјоделство кој преку посебни тимови ги следи состојбите, условите и начинот на откупот, преку доставување теренски податоци на дневна основа.

– Во насока на објективно информирање на македонската јавност, а во контекст на информациите кои изминативе денови се пласираат од одредени медиуми, во врска со состојбите поврзани со откупот на домашната пченица од овогодишната реколта, информираме дека како надлежна институција будно ги следиме активностите поврзани со откупот и ги спроведуваме сите активности поврзани со процесот на  забрзување на динамиката на откуп, наведува Министерството за земјоделство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП