7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната на само пола пат од закрепнувањето

Еврозоната на само пола пат од закрепнувањето

euro1

Иако, статистички, кризата во еврозоната полека поминува, двете водечки економии, Германија и Франција бележат благ раст, економски не се баш големи оптимисти и повикуваат на продолжување на реформите.

Најновите бројки на Еуростат покажуваат дека рецесијата во еврозоната е завршена. Производството во вториот квартал пораснало за 0,3 проценти, а има најави дека растот би можел и да се зголеми. Добри резултати посебно бележат двете најголеми економии, а позитивни резултати има и Португалија. Сепак, експертите предупредуваат дека сеуште не е време за голем оптимизам. Според зборовите на економистот Гунтрам Б. Волф, сеуште не е време за опуштање, бидејќи, како што вели тој, и понатаму постојат огромни проблеми, особено по прашањето за долговите на земјите во рецесија.

На пример, во Франција е далеку од „сјајна“ ситуацијата. Реформата за даночниот систем за компаниите, која е спроведена во таа земја, ја зголеми конкурентноста на фирмите.

Но, таа реформа не е доволна за конкурентноста на француската економија да се врати на поранешното ниво, а има уште многу работа, особено што се однесува до реформите за пензискиот систем.

Европската комисија предвидува за следната година раст на производството од 1,2 проценти во еврозоната, а Волф смета дека тоа нема да биде доволно за пресврт на пазарот на трудот, а бројот на невработени во јужна Европа ќе остане висок и следната година.

На пример, Германија и понатаму е локомотива и има најголема стапка на раст во еврозоната, но тој раст е сепак премногу низок и не е доволно да го повлече остатокот од еврозоната.

За да се промени тоа на долг период, номиналниот раст, а тоа значи раст плус инфлација, би требало да биде некаде околу пет проценти, речиси, малку повеќе отколку што е сега. Мора да се продолжи со структурните реформи. Тие се посебно важни во јужна Европа и можеби и во Германија.

Значи, станува збор за реформи во целата еврозона. Просторот на кој се користи еврото и понатаму не е потполна монетарна унија. Потребна е банкарска унија, а дотука, само половина пат е поминат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП