29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаск ги покани работниците од Словенија да работат во германската фабрика

Маск ги покани работниците од Словенија да работат во германската фабрика

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, ги покани работниците од Словенија да дојдат и да работат во германската фабрика, која ќе се отвори наскоро.

По повод почетокот на производството на автомобилите на Тесла во новата фабрика во Берлин, извршниот директор на Тесла организираше забава.

„Планираме да започнеме со производство за неколку месеци, во основа во ноември или декември, и се надевам дека ќе ги испорачаме првите автомобили во декември“, рече Маск на отворањето.

Фабриката е изградена за помалку од две години, а Маск ги повикува Словенците од различни области да соработуваат, и тоа на словенечки јазик, пишува љубљанскиот весник Дело.

Директорот на Тесла се надева дека на оваа локација ќе се произведуваат до половина милион електрични возила годишно, што е двојно повеќе од германското производство на вакви автомобили минатата година.

Покрај милиони батерии, таму ќе се произведуваат и возилата Model Y на Тесла, наведува веб-страната TechCrunch.

Инвестицијата првично беше проценета на четири милијарди евра, но нејзината вредност се зголеми за дополнителни милијарди евра откако компанијата ги прошири своите планови во фабриката за батерии.

Сепак, многу еколошки групи не се задоволни од пристапот на Маск, за кој велат дека е спротивен на германската деловна култура.

„Нека престане да произведува електрични автомобили и нека одлета на Марс“, рече Ману Хојер, водач на протестот против оваа фабрика, додавајќи дека фабриката ќе ја загадува водата за пиење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП