4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордната туристичка сезона лек за грчката економија

Рекордната туристичка сезона лек за грчката економија

skijatos1

Потрошувачката на туристите во Грција во јуни се зголемила, покажаа денес резултатите на централната банка, потврдувајќи ги прогнозите дека рекордната летна сезона би можела да и обезбеди на презадолжената земја инекција од странски приходи.

Со оглед на падот на домашната побарувачка, инвестициите и индустриското производство поради мерките за штедење, потрошувачката на странските посетители останува единствен можен двигател на грчката економија, која во оваа година би требала да се намали за 4,2 проценти.

Приходите од туризмот пораснале во јуни за 21 процент во однос на претходната година, на 1,59 милијарди евра.

Со тоа, вкупните приходи од туризмот во првата половина од годината пораснале на 3,32 милијарди евра, што е за 18 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година кога стравот од излезот на Грција од еврозоната ги одврати туристите, покажуваат податоците на централната банка.

Грчката туристичка индустрија моментално прогнозира дека приходите од туризмот ќе пораснат во оваа година за 10 проценти на 11 милијарди евра, со рекордни 17 милиони посетители.

Хотелиерите, угостителите и туристичките компании ги намалија цените и ја подобрија услугата за да ја пребродат кризата и да намамат повеќе посетители.

Додатен позитивен фактор е и подобрата мешавина на посетители, вклучувајќи ги и оние кои остануваат повеќе во земјата и просечно повеќе трошат, како што се руските туристи.

Бројот на руски посетители, кои обично трошат повеќе од Британците и Германците, порасна за 34 проценти, покажаа службените податоци за периодот од јануари до мај.

Како резултат на растот на приходите од туризмот, грчкиот вишок на тековната сметка порасна во јуни на 66,3 милиони евра, со 73,1 милиони евра во истиот месец минатата година, објави грчката централна банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП