26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританските компании ги зголемуваат платите, но нема вработени

Британските компании ги зголемуваат платите, но нема вработени

Осум од десет компании во Обединетото Кралство имале проблеми со вработување во последниот месец, иако многу од нив ја зголемија платата.

Ова го покажуваат податоците од студијата на Британската стопанска комора, цитирани од „Bloomberg“.

Во истражувањето, спроведено помеѓу 23-ти август и 13-ти септември, учествувале 5.600 компании.

Уделот на компании кои не успеваат да најдат вработени значително расте во споредба со нивото од пред три месеци. Најсериозните проблеми се во секторот хотели и ресторани, каде 92% од компаниите велат дека не можат да најдат кадар на пазарот на труд.

„Очигледно, проблемите се продлабочуваат, влијаат на економското закрепнување и раст и во услугите и во индустријата. Ако владата не преземе акција, компаниите ќе се соочат со огромни тешкотии и нема да можат да ја задоволат зголемената побарувачка. Ова ќе доведе до нови дефицити за потрошувачите и зголемување на цените во екот на зимската сезона“, рече Џејн Гатон од Стопанската комора.

Многу британски работодавци тврдат дека нудат повисоки плати, но сѐ уште нема доволно кандидати за слободните работни места.

Комбинацијата на недостаток на работна сила и проблеми со синџирот на снабдување ги зголемува цените на стоките и услугите, негативно влијаејќи на британскиот животен стандард и го зголемува притисокот врз Банката на Англија да ги зголеми каматните стапки за да ја спречи инфлацијата.

Проблемите на пазарот на трудот на островот се предизвикани и од пандемијата со Ковид-19 и од напуштањето на Европската унија. Компаниите известуваат дека бројот на странци кои можат да пополнат слободни работни места е значително намален во последните месеци.

Комората бара од владата да го зголеми бројот на работни визи за краткорочен престој издадени за секторите каде што проблемите се најголеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП