5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија мора да и врати 8 милиони евра на ЕУ

Словенија мора да и врати 8 милиони евра на ЕУ

euro2

Европската комисија ја известила Словенија дека мора во буџетот на Европската унија (ЕУ) да врати повеќе од 8 милиони евра.

Тие пари Словенија ги добила за непосредна исплата, односно субвенции за земјоделците за хектар за производство на ограничено подрачје.

Агенцијата за земјоделски пазар на Словенија истакнала дека главна причина за враќањето на парите е недостаток од географско-информациски систем поради што во површините кои имаат право на субвенции биле вметнати патиштата, шумите и зградите.

Покрај неточната идентификација на земјиштето, Европската комисија која ги проверувала податоците, утврдила и недостатоци при контролата на теренот, како и во пресметките за исплатата.

Според податоците на словенечкото министерството за земјоделство ова не се случува прв пат – Словенија претходно морала да врати 7,6 милиони евра, со што сега вкупната казна изнесува 16 милиони евра.

Во буџетот на ЕУ, поради слични грешки, пари ќе мора да вратат уште 14 земји членки на ЕУ, а најмногу Велика Британија – 59 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП