8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПоранешниот американски претседател Бил Клинтон поради инфекција заврши во болница

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон поради инфекција заврши во болница

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон (75) беше примен на одделот за интензивна нега во Медицинскиот центар Ирвин на Универзитетот во Калифорнија поради инфекција на уринарниот тракт кој се прошири во неговиот крвоток, изјавија неговите лекари за Си -Ен -Ен.

Според Си -Ен -Ен, лекарите во соопштението навеле дека Клинтон останува во болница заради внимателно следење.

Според нив, Клинтон бил сместен таму поради приватност и безбедност, а не затоа што му треба интензивна нега.

Клинтон е добро расположен, зборува со своето семејство и персоналот, а стана и прошета, велат лекарите и неговиот персонал.

„По дводневно лекување, бројот на неговите бели крвни зрнца се намалува и добро реагира на антибиотиците. Се надеваме дека наскоро ќе може да си оди дома“, рекоа лекарите.

Клинтон беше во Калифорнија на приватен настан за неговата фондација, се чувствувал уморно во вторникот и беше примен во болница по тестирањето.

Неговата состојба не е поврзана со претходните проблеми со срцето или ковид-19, објави Си-Ен-Ен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП