28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSolyom Hungarian Airways наскоро почнува со работа

Solyom Hungarian Airways наскоро почнува со работа

solyom

Новата авиокомпанија на Унгарија – „Solyom Hungarian Airways“, ќе започне да врши летови уште овој септември.

Првично компанијата ќе има само чартер летови, а оваа го соопшти извршниот директор Јозеф Ваго, кој го претстави првиот авион „Boeing 737-500“. Овој тип на машини имаат места за околу 130 патници и поради својот капацитет и покриеност се наменети за сообраќај на кратки и средни релации.

Првиот човек на компанијата има амбиција за неколку години флотата на авиокомпанијата да порасне до 50 авиони. Само до крајот на 2013-та година нивниот број треба да достигне 12, а бројот на вработени ќе порасне до 1500 лица. „Solyom“ ја наследува банкротирана државна авиокомпанија „Malev“, која прекина со работа во февруари минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП