Пазарот на криптовалути се зголеми за 4,7 проценти во последните 24 часа, по вчерашниот пад од помалку од 1 процент.
Биткоинот ги обнови вчерашните загуби, а денес, според веб-страницата „Коингеко“, се тргува по цена од 57.786 долари, што значи дека неговата вредност пораснала за 4,5 проценти.

