26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТХоландските научници работат на технологија која може да ги замени иглите и...

Холандските научници работат на технологија која може да ги замени иглите и вакцините

Холандските научници работат на развој на ласерска технологија која би можела да резултира со „речиси безболно“ инјектирање на вакцина без игла, и досегашниот успех го гледаат како напредок кој ќе го ублажи стравот од игли кај некои пациенти и ќе придонесе за поголем број вакцинирани.

Уредот, кој потсетува на „пиштол за меурчиња“, користи ласер кој турка мали капки низ надворешниот слој на кожата, објасни Дејвид Фернандез Ривас, професор на Универзитетот Твенте и асистент за истражување на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), кој ја осмисли и разви оваа идеја.

Самата простапка е побрза од каснување од комарец и „не треба да боли“ бидејќи нервните завршетоци на кожата не се допираат едни со други. Тој додаде дека постапката дополнително ќе се изучува.

Чашата што ја содржи течноста се загрева со ласер во милисекунди, а потоа создава меур во течноста која ја турка течноста низ надворешниот слој на кожата со брзина од најмалку 100 километри на час, рече тој во интервју за Ројтерс. На

Таквата постапка овозможува да се инјектира течност преку кожата без никакви оштетувања или лузни. Не може да се видат рани или влезни места, рече Ривас, додавајќи дека очекува неговиот пронајдок да им помогне на повеќе луѓе да одлучат да се вакцинираат, а во исто време да го спречи ризикот од контаминација што може да произлезе од валкани игли. И на крај, но не и најмалку важно, неговиот изум ќе помогне да се намали медицинскиот отпад.

Тестирањата на примероци од ткиво беа успешно спроведени благодарение на грантот од Европската унија вреден 1,5 милиони евра, а компанијата уште овој месец ќе аплицира за финансирање кога ќе започне со тестирање на новиот уред на волонтери, откри Ривас.

Тој, исто така, рече дека новата новоотворена компанија ќе работи со претставници на фармацевтската индустрија за да ја тестира и пласира технологијата на Bubble Guna. Но, до моментот кога методот ќе стане достапен за пошироката јавност, може да потрае од една година до три години, во зависност од напредокот на истражувањето и регулаторните прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП