4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонскиот трговски дефицит речиси двојно зголемен, извозот се опоравува

Јапонскиот трговски дефицит речиси двојно зголемен, извозот се опоравува

japonija1

Јапонскиот трговски дефицит е речиси двојно зголемен во јули, имајќи предвид дека слабиот јен чувствително ги зголеми трошоците за увоз на енергија, засенувајќи го силниот раст на извозот во САД, Кина, но и во еврозоната, покажаа денес објавените резултати на Министерство за финансии.

Дефицитот во јули изнесувал 1.023 милијарди јени (10,5 милијарди долари), во однос на 528,55 милијарди јени, колку што изнесуваше во јули претходната година.

Со тоа Јапонија забележа минус во трговскиот биланс 13-ти месец по ред, што претставува најдолг таков период во последните три децении.

„Дефицитот е многу поголем отколку што се очекуваше, имајќи предвид дека слабиот јен ги подигна трошоците за увозот на енергија”, коментираше аналитичарот на Јапонскиот истражувачки институт, Хидеки Матсумура.

Добра вест е сепак скокот на извозот, и тоа за 12,2 проценти во однос на минатогодишниот јули, благодарение на посилната побарувачка во САД, Кина но и во Европа.

Така, вредноста на испораките на клучниот американски пазар скокнала за 18,4 проценти на годишно ниво, а значително пораснал и извозот во погодената еврозона, и тоа за 16,6 проценети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП