23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ постепено го напушта производството на мазут

ЕУ постепено го напушта производството на мазут

Во текот на последните три децении, производството на мазут во ЕУ значително се намали на 48,5 илјади килотони во 2020-та година. Ова е намалување за 62% во споредба со нивото од 1990-та година, според Еуростат.

Мазутот главно се користи од бродската индустрија и од термоцентралите. Производот е еден од најголемите загадувачи на животната средина поради содржината на сулфур што се испушта во атмосферата при согорувањето.

Од почетокот на 2020-та година, ЕУ воведе регулатива која им овозможува на бродовите да користат само мазут со ниско количество на сулфур.

Во моментов, 21 земја на ЕУ сѐ уште произведуваат мазут. Но, сите тие го намалуваат производството и ова е највидливо во Италија – од 23,7 илјади килотони во 1990-та година на 5,4 илјади килотони во 2020-та година, како и во Шпанија (од 15 илјади килотони на 2,4 илјади килотони).

Во заедницата има пет главни производители на мазут – Холандија (9 илјади килотони), Германија (6,2 илјади килотони), Италија, Франција (4,3 илјади килотони) и Шведска (3,9 илјади килотони).

Земјите од ЕУ увезуваат околу 15.000 килотони мазут од трети земји. Главни добавувачи се Русија (над 40%од вкупниот увоз), Велика Британија (16,3%) и Норвешка (11,5%).

Извозот на земјите од ЕУ изнесува 20 илјади килотони и тие се насочени главно кон САД (речиси 20%), Велика Британија (16,7%) и Саудиска Арабија (16,6%). Главните извозници на мазут од ЕУ во трети земји се Холандија (29% од извозот), Шпанија (17%) и Белгија (14%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП