27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРекордно производство на Mercedes-Benz

Рекордно производство на Mercedes-Benz

mercedes

Во првата половина од оваа година преку 700.000 патнички автомобили ги напуштија производните погони во рамките на „Mercedes-Benz“ фабриките, што е најмногу од било кога досега во овој период. Во текот на целата 2012-та година „Mercedes-Benz“ оствари рекордна продажба од 1.34 милиони возила.

Како што истакнуваат раководните лица на компанијата, тие очекуваат дополнителен раст.

mercedes2

„Со атрактивната понуда на модели и поголемата флексибилност во рамките на производството, компанијата може да изработи многу повеќе од претходно. Исто така имаме оптимистички погледи и перспектива на производството во оваа година во целина“, вели Андреас Реншлер.

„Mercedes-Benz“ стратегијата за растот почна да ја имплементира во фабриките на компанијата. Оваа година бевме сведоци на преставувањето на бројни нови модели. Особено се барани моделите од класите А и Б, па поради тоа компанијата имплементираше дополнителни промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП