5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечките банки: Се повеќе лоши кредити, се помалку приходи од камати

Словенечките банки: Се повеќе лоши кредити, се помалку приходи од камати

bankaslovenija2

Словенечките банки во првите пет месеци од оваа година остварија 318,4 милиони евра приходи од камати, што е за 20,05 проценти помалку отколку лани, а обемот на кредитите чија наплата доцни е зголемен на повеќе од 7,5 милијарди евра, пишува љубљанскиот „Дневник“, кој се повикува на податоците на словенечката централна банка.

Зголемениот обем на лошите кредити и повеќегодишниот тренд на намалување на приходите од каматите резултираше со загуба која во словенечкиот банкарски систем за првите пет месеци изнесуваше 108,1 милион евра. Банките ја намалуваат својата кредитна активност и поради лошите кредити мора да ја ги обликуваат високите резервации, а нето приходите од каматата ја намалуваат разликата меѓу високите каматни стапки кои ги даваат за да привлечат депозити, како и каматните стапки кои ги пресметуваат на одредени кредити, наведува весникот.

Словенците во банките имаат 14,5 милијарди евра депозити, а практично сите договори се врзани за фиксни каматни стапки, кои поради конкуренцијата меѓу банките и понатака остануваат високи.

Истовремено, голем дел од кредитите, чиј вкупен износ е 8,7 милијарди евра, се пресметуваат со променливи каматни стапки, поврзани за рефрентната каматна стапка Еурибор, која е на рекодно ниско ниво, пишува весникот.

Во една од водечките словенечки банки, наведува весникот, се проценува дека месечната рата за отплата на петгодишен хипотекарен кредит од 50.000 евра е намалена за повеќе од 20 проценти.

„Иако кредитните договори се разликуваат, може да се заклучи дека банките поради нискиот Еурибор губат приходи од каматата. Од друга страна, нивните каматни расходи бавно се намалуваат, бидејќи каматите на депозитите поради конкуренцијата меѓу банките и понатака се високи“, оценува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП