25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАМодерна не доби одобрување од Американската агенција за храна и лекови за...

Модерна не доби одобрување од Американската агенција за храна и лекови за бустер доза

Научниците од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) денеска објавија дека Модерна не ги исполнила нивните критериуми со кои ќе се одобри употреба на засилувачка доза на вакцината против ковид.

ФДА соопшти дека податоците за вакцината на Модерна покажале дека зголемената доза ги зголемува заштитните антитела, но дека разликата во нивото на антитела пред и после третата доза не е доволно голема, особено кај луѓето чии нивоа на антитела останале високи, објави Ројтерс.

ФДА генерално ги следи советите на своите експерти, но не е должна да ги послуша.

Група советници од американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) ќе се состанат следната недела за да разговараат за конкретни препораки за тоа кој може да добие зголемена доза во САД ако ФДА одобри одредена вакцина.

Модерна бара овластување за бустер доза од 50 микрограми, што е половина од првобитната доза на вакцината дадена со разлика од четири недели.

Компанијата побара од ФДА да и дозволи трета доза за лица на возраст од 65 години и постари, како и за имунокомпромитирани, нешто слично на овластувањето дадено на конкурентската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот партнер „Бионтех“.

Советниците на ФДА, исто така, ќе размислат за давање бустер доза за вакцината Џонсон и Џонсон во петок, која се прима во единечна доза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП