25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКадетите на Голден Арт освојувачи на трофејот на турнирот "11 Октомври" во...

Кадетите на Голден Арт освојувачи на трофејот на турнирот “11 Октомври” во Куманово

На својот прв настап на традиционалниот ракометен турнир во чест на големиот македонски празник, 11 Октомври, во Куманово, кадетската екипа на Голден Арт го освои првото место и шампионскиот трофеј.На турнирот настапија домаќинот Куманово, Бутел од Скопје, МРК КЛ7 Свети Николе и Голден Арт.

Во првото полуфинале Голден Арт го совлада Бутел, додека МРК КЛ7 Свети Николе беше подобар од МРК Куманово.

Во финалниот натпревар Голден Арт беше подобар од МРК КЛ7 Свети Николе со резултат 26:21.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Димитар Крстев од МРК КЛ7 Свети Николе, додека за најкорисен играч Петар Стојаноски од Голден Арт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП