26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна производството на новиот електричен „Volvo“

Започна производството на новиот електричен „Volvo“

„Volvo“ официјално започна масовно производство на својот нов електричен модел „C40 Recharge“ во фабриката во Гент во Белгија.

„C40 Recharge“ може накратко да се опише како кросовер-купе верзија на електричниот „XC40“. Премиерата на овој модел претходно оваа година се совпадна со најавата на „Volvo“ дека до 2030-та година ќе се префрли на производство на само електрични возила.

Врз основа на „CMA“ механичката платформа, „C40 Recharge“ е првиот „Volvo“ направен да користи исклучиво електричен мотор како погонски систем.

Единствениот електричен модел досега беше „XC40 Recharge“, но прво беше конструиран како возило со „SUS“ мотор, а електричната верзија следеше подоцна.

Покрај тоа, „C40 Recharge“ е првиот купе-кросовер што се нуди од марката „Volvo“.

Предниот дел наликува на гореспоменатиот „XC40“, но од столбот „Б“ кровната линија постепено се спушта кон задниот дел, обезбедувајќи препознатлива купе силуета.

Погонскиот систем се состои од два електрични мотори – едниот напред и другиот назад, кои обезбедуваат вкупна комбинирана моќност од 408 ks (300 kW), додека максималниот вртежен момент е 660 Nm.

Електричната енергија се складира во батерија од 78 kWh, што обезбедува автономија за возење од околу 420 километри (според циклусот тест „WLTP“).

„Volvo“ наведува дека батеријата може да се полни на брз полнач до 80 проценти од својот капацитет за околу 40 минути.

Производството на овој модел официјално започна, па чекаме да го видиме „на дело“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП