29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Претседателот на Чешка го извадија неподвижен, заврши на интензивна нега

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Претседателот на Чешка го извадија неподвижен, заврши на интензивна нега

Претседателот на Чешка, Милош Земан, е сместен на одделот за интензивна нега, дијагнозата нема да биде објавена без негова согласност, изјави директорот на болницата и доктор на претседателот, Мирослав Заворал.

Меѓутоа, објавени се фотографии и видео на кои се гледа како Милош Земан не се мрда додека го носат во инвалидска количка.

Според медиумите, неговата сопруга и ќерка пристигнале во болницата веднаш по Земан.

Претходно во неделата беше објавено дека Земан бил примен во Централната воена болница во Прага.

Земан (77) веќе беше хоспитализиран кон средината на септември. Тогаш поминал осум дена во болница.

Претседателот на Чешка боледува од дијабетична невропатија во стапалата, поради што неодамна почна да користи инвалидска количка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП