28 јуни, 2024
ПочетнаДИЕТИНамалете 3 кг за 3 дена со диетата со сушено овошје и...

Намалете 3 кг за 3 дена со диетата со сушено овошје и јаткасти плодови

Со применување на диетата со јаткасти плодови и сушено овошје може да ослабите 3 килограми за 3 дена, односно секој ден да намалувате по еден килограм. Диетата е корисна за студените денови и влијае позитивно на процесот на варењето на храната.

За диетата ви се неопходни 5 пакетчина од по 100 грама со различно сушено овошје и јаткасти плодови. Сушеното овошје треба да биде застапено со најмалку три вида, а јаткастите плодови со најмалку 2 вида.

Јаткастите плодови не треба да бидат пржени или солени, а сушеното овошје со шеќер и ароми треба да биде застапено во многу мали количини. Дозволени се сувите кајсии, сувото гројзе и сувите сливи.

Од јаткастите плодови задолжително треба да бидат застапени оревите, како едни од најкорисните прехрамбени продукти. Тука можат да бидат вклучени и лешниците, бадемите и фстаците.

Целото сушено овошје и јаткастите плодови треба да бидат распределени на 10 порции дневно, кои треба да ви стигнат до последниот ден од диетата. Тоа значи дека речиси на секој час можете да јадете по една порција (пресметајте си го времето според тоа кога си легнувате и станувате и распределете ги еднакво десетте порции така што помеѓу нив ќе има исти паузи).

Освен овие производи, дозволено е да консумирате и зелен чај, црн чај и кафе но без шеќер или млеко. Исто така, можете да пиете и 100 мл црвено вино или 250 мл пиво.

Диетата со суво овошје и јаткасти плодови е лесна за држење и нема да почувствувате глад при нејзиното држење.

Оваа диета е лесна за држење бидејќи не е потребно да поготвувате оброци, се што консумирате е веќе готово а тоа ќе ви биде од голема помош и во деновите кога одите на работа.

Диетата е наменета за тридневно држење, не ја продолжувајте на своја рака. Ако страдате од заболување на црниот дроб или имате стомачни заболувања, не треба да ја применувате оваа диета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП