26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСакате бургери? Добро прочитајте го текстот: Откако ќе го изедете, телото се...

Сакате бургери? Добро прочитајте го текстот: Откако ќе го изедете, телото се бори како со болест

Дали знаете како плескавиците и хамбургерите влијаат на организмот? Сето ова се случува во телото веднаш штом ќе завршите со јадење!

Ако сакате месо, сигурно плескавиците и хамбургерите се меѓу вашата омилена храна. Сочно мелено месо, мека земичка и еден куп вкусни додатоци … Веќе почнаа да ви течат лиги?

Нутриционистите често предупредуваат за штетните ефекти на месото врз нашето тело, но сигурно не сте знаеле дека само една плескавица вака влијае на телото!

Само една порција од оваа брза храна содржи повеќе од 500 калории и неверојатни 25 грама масти! Повеќе од половина од таа количина се заситени и транс масти, кои имаат штетен ефект врз организмот.

Следно, ќе добиете најмалку 40 грама јаглени хидрати, па дури и десет грама шеќер! Ако пазите на внесот на шеќер, знајте дека еден бургер е како две и пол лажички од оваа „проблематична“ состојка.

Ќе внесете и неверојатни 1.000 милиграми сол, а еве што ќе се случи во телото.

Околу 15 минути после јадење, вашиот шеќер во крвта ќе скокне нагло додека вашето тело се обидува да ги претвори сите тие калории во енергија. Ќе се ослободи инсулин за да го регулира тој скок, и може да излачувате премногу, што значи дека повторно ќе бидете гладни многу брзо, иако штотуку сте изеле калоричен оброк. Честото внесување на таква храна ќе доведе до маѓепсан круг на инсулинска резистенција која го носи организмот накај дијабетес.

Кај мажите, целата таа заситена маст, исто така, ќе предизвика проблем со артериите, кои нема да можат да се прошират како што треба и ризикот од срцеви заболувања ќе се зголеми.

Сето ова дополнително ќе го комплицира функционирањето на кардиоваскуларниот систем, а негативните ефекти започнуваат по половина час. Триглицеридите и масните киселини во крвта ќе скокнат, артериите едвај ќе се борат со работата што треба да ја вршат.

Сигурно не сте знаеле дека овој „напад“ на организмот, колку и да е вкусен, предизвикува дури и реакција на имунолошкиот систем. Нашиот имунитет ќе ги третира овие количини на нездрави супстанции како инфекција и ќе ги запали одбранбените механизми.

Значи, следниот пат кога ќе јадете плескавица – ова се ефектите без помфрит и газиран сок – добро размислете што му правите на вашето тело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП