3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНенаплатливите кредити во Шпанија на ново рекордно ниво

Ненаплатливите кредити во Шпанија на ново рекордно ниво

shpanija2

Уделот на ненаплатливите кредити во вкупното кредитно портфолио на шпанските банки во јуни се зголеми на 11,6 проценти, постигнувајќи нов рекорд, со оглед на зголемувањето на бројот на домаќинствата и малите претпријатија, особено оние во секторот за недвижности, кој се бори со долговите.

Во мај, уделот на лошите кредити изнесуваше 11,2 проценти. Лошите кредити бележат континуиран раст од крајот на минтата година, кога нагло се намалија бидејќи кредиторите ја префрлија проблематичната актива во т.н лоша банка.

Деловните резултати на шпанските банки од минатата година беа под притисок на нагло зголемените резервации за загуби на недвижнини и кредити за компаниите за недвижности, поврзани со колапсот на пазарот на недвижнини во 2008 година.

Некои големи банки, вклучувајќи ги и оние „здравите“ како BBVA, неодамна предупредија дека ненаплатливите кредити на претприемачите во секторот за недвижности би можеле да се зголемуваат до првиот квартал од наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП