29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН: Безбедна и здрава животна средина се човекови права

ОН: Безбедна и здрава животна средина се човекови права

Советот за човекови права на Обединетите нации во петокот го изгласа признавањето на правото на безбедна, чиста, здрава и одржлива животна средина како човеково право.

Со 43 наспроти 0 гласови усвоена е резолуција за чиста животна средина, во која исто така се повикуваат државите да ги зголемат напорите за подобрување на животната средина, додека четири држави-членки – Кина, Индија, Јапонија и Русија се воздржаа.

Втората резолуција, донесена со 42:1, воспостави „специјален известувач“, кој меѓу другото ќе следи „како штетните ефекти од климатските промени, вклучително и ненадејните катастрофи, влијаат на целосното и ефективно уживање на човековите права“.

Русија беше против оваа резолуција, а Кина, Еритреја, Индија и Јапонија беа воздржани.

На дводневната седница на Советот, која брои 47 членови, беше изгласан известувачот за човекови права во Авганистан, одлука против која гласаше Пакистан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП