24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПрекумерената работа е штетна

Прекумерената работа е штетна

a1

Депресија

Новите истражувања покажаа дека работниците кои работат во просек 11 часа дневно имаат зголемен ризик да западнат во депресија. Со прекумерената работа се намалува времето кое треба да се помине со семејството, пријателите. Притоа, луѓето од многу обврски немаат време за себе, за физичка активност и за здрава исхрана. Сето тоа ги прави да се чувствуваат депресивно и меланхолично.

Седење

Постојаното седење е поврзано со многу здравствени проблеми, како дијабетис, рак, дебелеење, срцеви заболувања.

Спиење

Просечна возрасна личност треба да спие во просек 7 до 9 саати. Истражувањата покажуваат дека просечното спиење е 6 саати и 40 минути. Оние кои работат прекувремено или повеќе од 50 саати неделно, не спијат повеќе од 5 саати во ноќта.

Кардиоваскуларни болести

Прекувремената работа го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, како болести на срце, срцеви удари, висок крвен притисок. Луѓето кои работат повеќе од 10 саати дневно, имаат 60 проценти повеќе ризик да заболат од кардиоваскуларни болести.

Проблеми со вид

Гледањето во компјутер цел ден е најчеста причина за слабеење на видот. Според истражувањата од 2011 година, 90 проценти од корисниците на компјутери признале дека имале проблеми со видот како, главоболка, суви очи, замаглен вид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП