3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLloyds за 400 милиони ја продава Heidelberger Leben

Lloyds за 400 милиони ја продава Heidelberger Leben

lloyds2

Британската банкарска група „Lloyds“ е на пат да ја продаде својата осигурителната дејност во Германија на „Hannover Re“, информира „Reuters“.

Вредноста на договорот се очекува да изнесува 400 милиони евра. Според информациите кои беа објавени „Lloyds“ води преговори за продажба на „Heidelberger Leben“, која ќе стават крај на долготрајната сага за продажба на осигурителната компанија.

Декларираната цена од 400 милиони евра е помалку од половина од онаа сума на која од „Lloyds“ се надеваа да добијат. Банката се очекува да ја објави продажбата веќе во текот на оваа недела.

Во моментов од „Lloyds“ и од „Hannover Re“ засега не сакаат да коментира за евентуалниот договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП