Биткоинот денес ја надмина границата од 55 илјади долари, за прв пат по четири недели, благодарение на побарувачката на институционалните инвеститори. На почетокот на септември, биткоинот падна под таа граница поради големата распродажба на акции на компаниите кои работат со криптовалути и блокчејн технологија.
Биткоинот накратко достигна 50.808,25 долари во вторникот, стабилизирајќи се тогаш на 50.498 долари, додека денес се движеше нешто повеќе од 55.000 долари. Зголемувањето на вредноста се објаснува со проширувањето на понудата на институционални услуги во криптовалути во банките и финансиските институции, ки настојуваат да ја задоволат зголемената побарувачка на инвеститорите.

