29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТелеком подготвен, А1 тестира пробна фреквенција – 5G мрежата на повидок!

Телеком подготвен, А1 тестира пробна фреквенција – 5G мрежата на повидок!

Последната еволуција во полето на телекомуникациите доаѓа во форма на новиот мрежен стандард наречен 5G којшто, покрај поголемите интернет брзини, ветува и нов свет на можности и функционалности. Во неколку земји во светот веќе почна да се емитува 5G сигналот, а производителите на телефони го прифатија овој стандард и на голема врата ги претставија своите нови уреди компатибилни со оваа технологија. Операторите на домашниот пазар се подготвуваат за имплементација на 5G стандардот, во очекување на датумот за доделување одобренија за 5G фреквенции.

Македонски Телеком ги почна подготовките за 5G уште пред неколку години. Во 2018 година, го изведе првото 5G демо во Македонија, а во 2019 година ја постави првата тестна 5G мрежа во Скопје и Охрид. За овие тестирања АЕК објави Извештај од мерење на нејонизирачкото зрачење, кој покажува дека вкупното зрачење е само 15% од максимално дозволенатата гранична вредност. Во 2021 година, мрежата на Телеком се модернизира на целата територија со што се создадоа реални услови за воведувањето на оваа технологија. На почетокот на оваа недела, операторот А1 објави дека поставил тестна мрежа во центарот на Скопје.  

„Токму сомнежите за штетноста од 5G по здравјето на граѓаните не поттикнаа заедно со професори од Електро-техничкиот факултет при УКИМ и научници и професори од истиот факултет во Љубљана, Словенија, како и Институтот за неонизирачко зрачење од Љубљана, да го истражиме влијанието на зрачењата од телекомуникациските уреди“, истакна Д-р Борис Арсов, Раководител на Секторот за телекомуникации во АЕК. „Истражувањето покажа дека  секоја пософистицирана опрема зрачи помалку, што значи дека 4G зрачи повеќе од 5G, или пак дека телефонот зрачи повеќе од 5G. Истражувањето е направено во европските земји коишто користат 5G и во Словенија и покажало дека нема штетни последици по здравјето на луѓето“, додаде Проф. Арсов.

Експертите во земјава се едногласни дека придонесот од оваа технологија ќе биде голем. Од Македонски Телеком изјавуваат дека се подготвени за 5G мрежата и за имплементација на новата технологија.

Технологијата на новата генерација – 5G за човештвото ќе биде она што била парната машина за првата индустриска револуција, електричната енергија за втората, а компјутерите и информатичките технологии за третата. Досега, кога се преминуваше од 2G на 3G, па на 4G, се менуваше само брзината односно постојната мрежа се забрзуваше. 5G е сосема нова приказна – револуција, наместо еволуција. 5G ќе донесе квантен скок во три димензии: 1) екстремно брз податочен проток со гигабитни брзини, 2) комуникација на огромен број машини/сензори и други нешта (Internet of Things) и 3) ултра доверливи комуникации во реално време. Токму доверливата комуникација во реално време ќе биде една од главните придобивки од 5G технологијата. Истата ќе биде достапна во втората фаза од имплементацијата на 5G кога, покрај мрежната поддршка, ќе созрее целокупниот еко-систем којшто подразбира развој на соодветни уреди и апликативни решенија за различни примени во општеството и индустријата. Апликативната примена на 5G мрежата ќе биде забележлива во автоматизацијата на процесите и активностите во индустријата, енергетиката, земјоделството, автономните возила и навигацијата, па дури и во медицината. Таа ќе овозможи да се поедностави процесот на создавање паметни градови и паметни домови, што на граѓаните ќе им понуди еден поразличен стил на живот, преку синхронизирано функционирање заедно со технологијата.

Во јуни годинава, АЕК ја стартуваше постапката за објава на тендер со којашто ќе додели одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5G. Па така, до крајот на 2023 година најмалку еден поголем град треба да биде покриен со 5G, до крајот на 2025 автопатите и магистралните патишта, а до крајот на 2027 сите градови во државава. Секој поединец ќе има можност за пристап до интернет преку 5G до 2029 година, истакнуваат од АЕК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП