2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите со построг царински режим ако Украинците го потпишат „самоубиствениот“ договор со...

Русите со построг царински режим ако Украинците го потпишат „самоубиствениот“ договор со ЕУ

ru1

Русија подготвува построг царински надзор во однос на Украина, доколку Киев го потпише договорот за придружување на Европската унија, што за Русија претставува „самоубиствен” потег, изјави еден од помошниците на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува агенцијата РИА.

Путин го зголемува притисокот на Киев да се придружи на регионалниот трговски блок предводен од Москва, а руската царина минатата недела воведе нови долготрајни тестирања на стоката од Украина.

Украина одби да се придружи, бидејќи се надева на потпишување на договорот за слободна трговија и политичка асоцијација со Европската унија во ноември.

Сергеј Глазев, советникот за развој на трговската заедница, во неделата изјави дека дополнителните проверки на увозот од Украина се еднократни и привремени, меѓутоа предупреди дека Киев може да очекува уште многу такви мерки доколку продолжи со спроведувањето на своите европски планови.

„Подготвуваме построги царински процедури ако Украина одеднаш го направи тој самоубиствен чекор, потпишувајќи го договорот за придружување кон ЕУ”, вели Глазев, пренесува агенцијата РИА.

Не станува збор за трговска војна помеѓу Киев и Москва, оцени во неделата украинскиот премиер Микола Азаров, по телефонскиот разговор со рускиот колега Дмитриј Медведев. Руската страна во својата изјава најавила дека следните денови ќе одржи уште разговори за спорните прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП