17 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе продава поршето на Пабло Ескобар(ФОТО)

Се продава поршето на Пабло Ескобар(ФОТО)

Ви го претставуваме моделот Porsche 911 Carrera 3.0 од 1974 година, кој не е налик на било друг и може да се продаде за повеќе од 1 милион долари на претстојната онлајн аукција.

Специјалниот 911 првично се натпреваруваше во серијата International Race of Champions (IROC) во 1974 година, кога го возеше двократниот шампион на Инди и Формула 1, Емерсон Фитипалди, пишува Autoexclusive.rs.

Кратко потоа, оваа машина беше продадена на Роџер Пенске и истата година заврши во гаражата на приватните тркачки возачи Џон Тунстал и Чарли Кемп.

Помеѓу 1974 и 1978 година, двојката се возеше со овој автомобил на настани како што се Lime Rock Park, Talladega, Road Atlanta, Mid-Ohio, Road America и Mid-America. Тој се појави и на трките за издржливост 24 Hours of Daytona и 12 Hours of Sebring, каде заврши на дваесет и третото место.

Единствениот 911 Carrera 3.0 RSR потоа беше продаден на кралот на кокаинот Пабло Ескобар.

Аукциската куќа Listing Collecting Car, потврди дека овој модел е вратен во САД по смртта на Пабло, дека неговата каросерија е вратена во првобитната состојба и дека има надворешност што го красела во ерата на Фитипалди.

Како таков, автомобилот е обоен во интригантна боја позната како Сахара-беж и има голем спојлер на опашката, мат црни капачиња за предни светла, брави за брзо отворање на хаубата и надворешен прекинувач за противпожарен апарат.

Овој модел помина низ целосен процес на реставрација помеѓу 2007 и 2010 година и оттогаш беше изложен на бројни настани каде што освои многу награди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП