25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСе урна зграда во Грузија, се стравува дека има починати, под урнатините...

Се урна зграда во Грузија, се стравува дека има починати, под урнатините има деца(ВИДЕО)

Во грузискиот град Батуми денеска се урна дел од станбена зграда, а има и жртви, пренесуваат агенциите.

Под урнатините на петкатната зграда има заробени лица меѓу кои и деца.

Екипи на брза помош, пожарникари и полиција поставија кордон околу урнатата зграда на местото на несреќата.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат спасувачки тимови со тешка механизација како ги расчистуваат урнатините.

Засега не е позната причината за несреќата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП