1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOMV купува нафтени полиња

OMV купува нафтени полиња

omv1

Австрискиот нафтен концерн „OMV“ за 2,65 милијарди долари купи нафтени и плински полиња во Норвешка и Велика Британија

Покрај оваа сума, компанијата ќе мора да плати и за нето трошоците за тековната година – околу 500 милиони долари на „Statoil“.

За возврат, „OMV“ добива 19 процени од уделот во нафтените и гасни полиња на „Gullfaks“, 24 проценти во нафтениот проект на „Gudrun“, на норвешката континентална плоча, 30 проценти од нафтеното поле на „Rozenbank“ и околу 5,88 проценти од уделот во проектот на новото британско нафтено поле „Schiehallion“.

Со ова, австрискиот нафтен концерн добива пристап до резервите во висина од околу 320 милиони барели еквиваленти на нафта и гас.

Трансакцијата, како што е најавено, ќе биде завршена до крајот на оваа година, а помеѓу останатите, и Министерствата за енергетика и финансии на Норвешка мора да дадат „зелено светло“ за овој договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП