29 март, 2024
ПочетнаКОРОНАФајзер спроведува голема студија: Ќе вакцинира цел еден бразилски град против Ковид-19

Фајзер спроведува голема студија: Ќе вакцинира цел еден бразилски град против Ковид-19

Фајзер ќе ја проучи ефикасноста на нивната вакцина против Ковид-19 со вакцинирање на целото население над 12 години во град во јужен Бразил, соопшти компанијата во средата.

Истражувањето ќе се спроведе во Толедо, кој има 143.000 жители, во западната држава Парана, заедно со националната програма за вакцинација на Бразил, соопштија локалните здравствени власти, болница и федералниот универзитет.

Фајзер, кој ја разви вакцината со германскиот партнер Бионтек, рече дека целта е да се проучи преносот на коронавирусот во „реално сценарио“ откако ќе се вакцинира населението.

Иницијативата е прва и единствена од ваков вид што се презема во соработка со фармацевтска компанија во земја во развој, рече Фајзер.

Има мал отпор кон вакцината во Толедо, и 98 проценти од населението ја примиле првата доза, претежно од Фајзер и Бионтек. Вакцината АстраЗенека и Синовак, исто така се користеше таму, рече секретарот за здравство на општината Габриела Кучерски, додавајќи дека 56 проценти од населението е целосно вакцинирано.

Реџис Гуларт, истражувач во болницата Моинхос де Венто во Порто Алегре, кој учествуваше во студијата, рече дека целта е да се потврди вистинската ефикасност и безбедност на вакцината која е веќе клинички тестирана.

Истражувањето исто така ќе овозможи долгорочно следење на учесниците со помош на одговори на прашања како што се времетраењето на заштитата од вакцината против Ковид-19 и новите варијанти на вирусот, рече Гуларт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП