Финска ќе ја прекине употребата на вакцината на „Модерна“ против Ковид-19 кај мажи родени 1991 година и подоцна, откако беа пријавени ретки кардиоваскуларни несакани ефекти, објави денеска финскиот Институт за здравје и социјална заштита.
Шведските и данските здравствени власти вчера објавија дека ќе престанат да ја користат вакцината на „Модерна“ за помлади лица и деца.

