26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Јапонија се „луди“ по „Lada“

Во Јапонија се „луди“ по „Lada“

„Lada Niva“, како еден од најдолготрајните, но и најкорисните теренци, се стекна со светска слава, а некои други модели на „Lada“ се на добар пат.

Во Јапонија премногу ја сакаат „Niva Travel“, која неодамна беше понудена на пазарот.

Сепак, за разлика од верзиите на рускиот пазар, тие се многу подобро опремени, а исто така и цената. Целосното име е „Lada Niva Travel Port Offroad“, а цената започнува од 3.480.000 јени, што е околу 27.000 евра или неверојатни 132% повеќе од цената на рускиот пазар.

Да потсетиме, ова е редизајн на „Chevrolet Niva“, модел претставен во 1998-ма година. Механиката е идентична со „Niva“, што значи 1,7-литарски бензинец со 80 ks, петстепен мануелен менувач и погон на сите тркала со редукција и диференцијална брава.

Стандардната опрема тука вклучува климатизација, инфозабава со камера за рикверц, електрификација, греење на седишта, 16-инчни алуминиумски фелни.

Продавачот што ја носи „Niva“ од Русија, исто така, ја нуди и „Lada Vesta Sport“. Цената на спортскиот автомобил е 3.780.000 јени, или околу 29.300 евра, што е за 105% повеќе отколку на домашниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП