26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвиоиндустријата се очекува да ги ограничи загубите на 12 милијарди долари во...

Авиоиндустријата се очекува да ги ограничи загубите на 12 милијарди долари во 2022-ра

Се очекува глобалната авиоиндустрија да загуби скоро 12 милијарди американски долари следната година, ограничувајќи ги своите загуби на 78 проценти во оваа година, бидејќи превозниците полека се опоравуваат од пандемијата Ковид-19, предвидува Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА).

„ИАТА“, која претставува речиси 300 авиокомпании, кои придонесуваат повеќе од 80% во глобалниот воздушен сообраќај, објави дека загубите на индустријата во 2021-ва година ќе бидат поголеми отколку што првично се мислеше и ќе изнесуваат 51,8 милијарди долари, откако априлската прогноза изнесуваше 47,7 милијарди долари.

Нето загубите за 2020-та година беа 137,7 милијарди американски долари, или повеќе од проектираното од ИАТА претходно во оваа година, на 126,4 милијарди долари. Така, нето загубите на воздухопловната индустрија од почетокот на пандемијата надминаа 200 милијарди американски долари.

„Поминаа најдлабоките нивоа на кризата“, рече генералниот директор на „ИАТА“, Вили Волш на годишниот состанок на организацијата во Бостон. Ова беше прва средба со присуство од јуни 2019-та година. „Сериозните проблеми остануваат, но патот до закрепнување се расчистува“, додаде Волш.

„ИАТА“ предвидува дека индустријата повторно ќе биде профитабилна во 2023-та година и бројот на патници ќе се зголеми на 3,4 милијарди во следната година, наспроти 2,3 милијарди во оваа година.

Според Волш, укинувањето на меѓународните ограничувања за патување ќе доведе до зголемување на резервациите, но ги критикува земјите за недостатокот на унифицирани безбедносни протоколи, како што се тестирање за Ковид-19, одредени исклучоци и методи за потврдување на вакцинации.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден минатиот месец објави дека ќе ги укине забраните за меѓународни посетители што беа воведени на почетокот на пандемијата, но досега не е објавен датум кога тоа ќе се случи, потсетува „CNBC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП