ПочетнаЗДРАВЈЕЧајот од шипка крие големи благодети за вашето здравје

Чајот од шипка крие големи благодети за вашето здравје

Добриот стар чај од шипка крие големи благодети за вашето здравје. Еден од највкусните чаеви коj на многумина им помага за следниве тешкотии:

1. Извор на витамин Ц и ликопен, моќен антиоксидант кој помага во борбата со холестеролот

2. Го намалува крвниот притисок

Оние кои имаат проблем со хипертензија, би требало во секојдневената рутина да го вклучат пиењето на 3 шолји чај дневно.

3. Ублажува разни воспалителни процеси

Чајот од шипка е одличен додаток при лекувањето на болести како остеоартритис. Ги ублажува болките и вкочанетоста, ја олеснува мобилноста, а експертте велат дека помага и при обновување на ‘рскавиците.

4. Лекува проблеми со стомакот

Се користи за цела низа проблеми како грчеви, недостаток на желудечна киселина, иритација и чиреви на желудникот. Ги ублажува проблемите со стомакот како дијареа и запек.

5. Ја подобрува работата на црниот дроб и жолчката

Благотворно делува при проблеми со камења во жолчката и жолчен песок. Се користи за детоксикација на црниот дроб.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП