25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВо „Пандора документи“ и името на љубовницaта на Путин и нејзиниот имот...

Во „Пандора документи“ и името на љубовницaта на Путин и нејзиниот имот од 100 милиони долари

Десетици сегашни и поранешни државници и моќни милијардери се поврзани со компании кои користат даночен рај, откри новинарското истражување наречено „Пандора документи“.

Иако на долгата листа на имиња не се споменува рускиот претседател Владимир Путин, сепак, се споменуваат неговите многубројни блиски соработници, меѓу кои и жената со која рускиот лидер наводно бил во романтична врска.

Името на наводната љубовница на Путин, Светлана Кривоногих, се појавило во „Пандорините документи“, а руските медиуми пишувале дека имала дете со него.

Сајтот за истражување „Проект“, еден од ретките преостанати независни медиуми во Русија, во 2020 година тврдеше дека Светлана се спријателила со Путин додека тој бил заменик-градоначалник на Санкт Петербург. Скудните јавни докази покажуваат дека тие патувале заедно со истите авиони кога Путин дојде на власт. Три години подоцна, во март 2003 година, Светлана роди ќерка, Јелисавета „Луиза“. „Проектот“ тврдеше дека нејзиниот татко е Путин. Кремљ не коментираше, а Путин не зборува за неговиот приватен живот.

Нејзината ќерка, која сега има 18 години, предизвикала шпекулации за нејзиниот вистински татко. Таа самата признала дека е крајно слична на Путин, но одбила да потврди или негира дека Путин е нејзиниот татко.

Пандорините документи откриле дека Светлана поседува имот вреден дури 100 милиони долари, вклучувајќи луксузен имот во Монако вреден 4 милиони долари. Апартманот што го купила Кривоногих се наоѓа во луксузниот комплекс Монте Карло Стар и гледа на Средоземното Море, веднаш под познатото казино Монте Карло, познато од филмовите за Џејмс Бонд.

Светлана не е единствената жена која со години се поврзува со Путин. Истото се шпекулира и за поранешната руска гимнастичарка Алина Кабаева. Алина неодамна родила близнаци за кои многумина тврдат дека Путин им е татко.

Во мај 2019 година било објавено дека целиот кат на гинеколошката болница е испразнет со цел тајно да се породи убава гимнастичарка. „Разузнавачките служби го проверуваа секој агол од болницата пред нејзиното пристигнување, а половина од медицинскиот тим беше протеран. Раѓањето го изврши познат лекар од Италија, и тој мораше да направи царски рез”, изјавил рускиот новинар Сергеј Канев, близок до руските разузнавачки служби.

Путин и неговата сопруга Људмила, со која има две ќерки, се разведоа во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП