26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАвокадото е супер-здрава намирница, погледнете зошто

Авокадото е супер-здрава намирница, погледнете зошто

Веројатно сте слушнале дека во последниве години авокадото се дефинира како здрава супер храна. Придобивките од него навистина се големи…

Постојат најмалку четири причини зошто треба да го додадете авокадото во вашето мени секој ден:

Ќе го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести

Кардиоваскуларните заболувања се едни од најчестите причини за смрт во светот. Само поради овој факт вреди да го заштитите своето срце, со внимателно избирање на храната. Докажано е дека авокадото позитивно делува врз кардиоваскуларниот систем на многу начини, благодарение на ниското количество на заситени масти и високо количество на незаситени. Консумирањето на авокадо помага за намалување на „лошиот“ холестерол, го одржува нивото на „добриот“ и ја подобрува инсулинската чувствителност.

Полесно ќе ја одржите тежината

Консумирањето на масти – топи масти. Кој би можел да претпостави? Авокадото може да ви помогне да го стопите вишокот килограми и да го одржите здрав индексот на телесна маса, бидејќи создава чувство на ситост. Според последните истражувања додавањето на авокадо во исхраната, помага за продолжување на чувството на ситост и ја намалува желбата за прејадување. Запомнете, авокадото содржи незаситени масти.

Тајната лежи во високата содржина на влакна во него, во еден плод има во просек 14 гр влакна. Честото консумирање на авокадо се смета за клуч за слабата половината. Според последните истражувања утврдено е дека намалувањето на тежината на овој начин е поздраво за срцето, отколку слабеењето преку намалување на внесот на масти.

Може да се намали ризикот од рак

Во авокадото има многу фитохемикалии како ксантофил и фенол за кои голем број истражувања покажаа дека имаат позитивен ефект врз спречување на развојот на канцерогени болести како рак на усната шуплина, рак на дојка, рак на простата и некои форми на леукемија.

Ќе ги заштитите кожата и очите

Каротеноидите во авокадото прават многу позитивни нешта за човечкото тело. Содржани со во него лутеинот и зеаксантинот кои го забавуваат намалувањето на видот, кое е поврзано со напредувањето на возраста и штитат од нарушување на визуелната функција. Овие две состојки делуваат и како амортизери против штетните UV зраци на сонцето, ја чуваат кожата мазна и здрава. Покрај сето ова, авокадото е вкусно, кремасто и може да биде додадено во салати, кремови, намази, шејкови и сл. Соодветна храна е дури и за бебињата. Не се плашете да експериментирате со авокадото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП