25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЧасовникот во Европската унија ќе продолжи да се померува

Часовникот во Европската унија ќе продолжи да се померува

Иако Европската комисија предложи да се укине сезонското поместување на стрелките на часовникот пред три години, земјите -членки се уште не се согласија за тоа, и се чини дека нема да го направат тоа во догледна иднина.

„Во недела, на 31 октомври, ќе го поместиме часовникот“, рече неодамна портпаролот на Европската комисија, Стефан де Керсмекер, одговарајќи на прашање од новинарите за предлогот да се прекине померувањето на часовникот секоја последна недела во март и последната недела во октомври.

Движењето на часовникот требаше да запре во 2019 година, откако беше предложено од поранешниот претседател на Комисијата, Жан-Клод Јункер, во 2018 година, при што членките ќе останат да одлучат дали ќе ја задржат пресметката на летното или зимското сметање на времето.

Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но немаше индикации дека предлогот ќе добие поддршка од земјите -членки.

„Работата сега е во рацете на земјите -членки“, рече портпаролот.

Европските министри за транспорт одлучија во декември 2018 година да ја одложат одлуката за укинување на сезонското поместување на часовникот до 2021 година, но ништо не се случи по тоа прашање потоа.

Одлуката дали некоја земја -членка ќе го земе како трајно летното или зимското пресметување на времето зависи од нејзината географска локација и затоа е тешко да се очекува договор за предлогот на Комисијата, кој сега изгледа избрзано, иако никој не сака официјално да го признае тоа.

Постојат три временски зони во Европската унија и најголемата е Централна Европа од Полска на исток до Шпанија на запад.

Ако сите земји од таа временска зона го земат примерот на постојано летно сметање на времето, во Шпанија, Белгија, Холандија, Данска, сонцето во зима ќе изгрева во средината претпладне, а на северозапад од Шпанија во 10 часот.

Во случај да ја земат зимата како постојано време, сонцето во источна Полска ќе изгрее во три наутро, во Варшава во 3 часот и 15 минути и во Берлин во 3 часот и 44 минути.

Од друга страна, доколку земјите на запад и север од континентот влезат во западноевропската временска зона, што би било природно, би настанале нови компликации бидејќи Франција и Германија би паднале во две различни временски зони.

Затоа, се чини дека сезонското движење на часовникот, со сите негови недостатоци, сепак е најдобриот компромис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП