20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПриватен авион удри во деловна зграда во Милано – има загинати(ВИДЕО)

Приватен авион удри во деловна зграда во Милано – има загинати(ВИДЕО)

Најмалку осум луѓе загинаа во авионска несреќа, што денеска се случи во италијанскиот град Милано.

Несреќата се случила кога мал авион удрил во празна двокатна деловна зграда во предградието на Милано. Според медиумите, во авионот се наоѓало француско семејство, а меѓу жртвите има и едно дете.

Новинската агенција „Ла Прес“ претходно цитираше пожарникари од местото на несреќата дека пилотот и сите пет патници загинале, и дека нивната националност се уште не е позната, пренесе АП.

Противпожарната служба немала информации дека некој друг загинал во авионската несреќа во близина на метро станицата Сан Донато, мал град во близина на Милано.

Сервисот додаде дека се запалени неколку автомобили на блискиот паркинг, но дека во нив немало никој, додава АП.

„Скај ТГ24“ наведува дека авионот летал од аеродромот Линате кон островот Сардинија.

Пожарникарите го изгаснаа пожарот во зградата што се реновираше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП