25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДодека Безос може да се пофали дека летал во вселената, вработените се...

Додека Безос може да се пофали дека летал во вселената, вработените се очајни: Се жалат на токсичната атмосфера, сексизмот и занемарување на безбедноста

Џеф Безос ги оствари своите соништа и во јули конечно полета во вселената, докажувајќи со свој пример дека патувањето со неговото летало е безбедно, со што на сите им ги отвори вратите за вселенски туризам. Кога кажуваме на сите, мислиме само на оние кои можат да платат за тоа. Неговото задоволство го наруши Ричард Бренсон, кој се „вметна“ пред него и победи на таа милијардерска вселенска трка.

Но, брзањето да се запише историја што е можно поскоро се чини дека имаше и негативна и многу опасна страна. Имено, додека Безос го славеше своето достигнување и летање во вселената, вработените во Blue Origin во јавноста објавија изјава во која предупредија на бројните негативни страни на кои во последно време беа сведоци во компанијата. Токсичната атмосфера, сексизмот и непочитувањето на безбедносните процедури се само некои од прилично шокантните откритија кои ги споделија со јавноста сегашните и поранешните вработени во компанијата.

Тие особено предупредија на фактот дека Blue Origin, во обид да добие предност пред конкурентите во вселенската трка, не посвети доволно внимание на безбедноста. Blue Origin има среќа што ништо не се случило досега, според објавата на 21 лице на една страница за свиркачи. Многумина посочија дека никогаш не би се осмелиле да летаат во вселенската капсула на Blue Origin и со ракетата Blue Shepard, а како една од главните причини за ова е фактот дека се пријавени повеќе од илјада проблеми со ракетните мотори на Blue Origin кои тие дури и не се обиделе да ги решат.

Овие наводи се многу сериозни и веќе се испитуваат од американските регулатори, како и наводите за сексизам против некои високи менаџери во компанијата на кои компанијата не одговори навремено. Вработените особено предупредија на еден менаџер кој бил толку озлогласен по своето однесување кон жените што ги советуваа сите нови вработени во компанијата да се држат настрана од него. Делот од извештајот кој не оди во корист на Безос е дека вработените мислеле дека основачот на Blue Origin го штити и дека може да прави што сака. Сепак, на крајот, тој доби отказ.

Компанијата на Безос коментираше дека нема толеранција за дискриминација од секаков вид и дека ќе ги испита наводите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП