19 април, 2024
ПочетнаКОРОНАНови 468 случаи на коронавирус, починаа 7 лица

Нови 468 случаи на коронавирус, починаа 7 лица

Во Македонија во последните 24 часа се регистрирани 468 нови случаи на коронавирус, седум лица починаа, а 284 оздравеа, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 4.295 тестирања

Во текот на изминатите 24 часа починале седум лица:  две починати лица од Скопје ( 61г, и 91г), по едно починато лице од Кочани (74г), Виница (69г), Кичево (56г), Прилеп (73г), и Струмица (69г).​

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица содијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 15.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Битола и едно лице од Скопје, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.297.190 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.288бројката на оздравени пациенти е 173.332, на починати е 6.694, а бројот на активни случаи изнесува 12.262.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП