2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗемјите со најбрз интернет во светот

Земјите со најбрз интернет во светот

internetr

Брзината на интернетот и мрежата не се во секоја земја исти, па поради тоа ви ги претставуваме десетте земји со најбрз интернет во светот.

Десетто место: Финска.

Интернет корисниците во Финска сурфаат во просек со 7,1 мегабити во секунда. Така Финците се најдоа на десеттото место во рангирањето на IT-компанијата „Akamai“.

Деветто место: Шведска.

Швеѓаните сурфаат малку побрзо отколку нивните соседи, Финците. Брзината им е просечно со 7,3 мегабити во секунда, со што заземаат деветтото место во рангирањето.

Осмо место: САД.

Домот на компаниите „Microsoft“, „Apple“ и „Google“ е меѓу десетте земји со најбрза интернет конекција. Просечната брзина на интернет тука е 7,4 мегабити во секунда.

Седмо место: Чешка.

Чесите се на седмо место. Тие стигнаа пред САД со 0,7 мегабити во секунда затоа што нивните корисници користат интернет со просечна брзина од 8,1 мегабити во секунда.

Шесто место: Холандија.

Холанѓаните сурфаат на интернет доста удобно и брзо, со просечна брзина од 8,6 мегабити во секунда.

Петто место: Швајцарија.

Швајцарците се познати по тоа дека сакаат работите да се завршат порелаксирано. Но нивниот интернет е со друго мислење – со просечна брзина од 8,7 мегабити во секунда, земјата се најде на број 5 во рангирањето.

Четврто место: Латвија.

Латвија им нуди на своите интернет сурфери просечна брзина од 8,9 мегабити во секунда со што си го обезбедија четвртото место.

Tрето место: Хонг Конг.

Кина не е претставена во топ 10 земјите со брз интернет пристап, но административниот регион на Хонг Конг може да се пофали со исклучително брза просечна брзина од цели 9,3 мегабити во секунда.

Второ место: Јапонија.

Иако разликите помеѓу местата од 10 до 3 се релативно мали, двете први места се со значително побрз интернет. Со 1,5 мегабити побрз е интернетот во Јапонија, во споредба со Хонг Конг. Во татковината на „Sony“ и „Toshiba“ корисниците користат интернет со просечна брзина од 10,8 мегабити во секунда.

Прво место: Јужна Кореја.

Топ 3 во рангирањето покажува дека Азија е понапред од САД и Европа. Со своите 14 мегабити во секунда, нема место во светот на кое корисниците на интернет имаат побрза врска, отколку во Јужна Кореја. Со цели 3,2 мегабити повеќе во секунда е сурфањето таму, во споредба со Јапонија и со 4.7 мегабити побрзо отколку во Хонгконг. Навистина импресивна брзина!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП