25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја земја во ЕУ е најголемиот увозник на кафе? (ИНФОГРАФИК)

Која земја во ЕУ е најголемиот увозник на кафе? (ИНФОГРАФИК)

Во 2020-та година, Германија е најголемиот увозник на кафе во ЕУ, според податоците на Еуростат.

Земјата увезе 1,1 милион тони, или 38% од вкупниот увоз на Заедницата. На второ место е Италија со 559.000 тони, што е еквивалентно на 19% од европскиот увоз, а Белгија е трета со 309.000 тони, или 11% од увозот.

Минатата година, земјите од ЕУ увезоа 2,9 милиони тони кафе во вредност од 7,5 милијарди евра. Во текот на последната деценија, увозот на кафе во заедницата порасна за 10%.

Главните снабдувачи на кафе се Бразил (993.000 тони, 32% од увозот) и Виетнам (642.000 тони). Потоа следуваат Хондурас (216.000 тони, 7%), Уганда (166.000 тони) и Колумбија (154.000 тони).

Германија е исто така еден од најголемите преработувачи на кафе во ЕУ. Податоците на Еуростат покажуваат дека минатата година во земјата биле произведени 571.000 тони кафе.

Лидер е Италија со 616.000  тони, што е еквивалентно на 32% од вкупната количина кафе обработено во ЕУ.

Според Еуростат, повеќе од 1,9 милиони тони кафе во вкупна вредност од 11 милијарди евра биле обработени во ЕУ во 2020-та година. Оваа сума се зголемила за 10% во споредба со 2010-та година и претставува еквивалент од 4,2 килограми за секој граѓанин на заедницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП