26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОреви за спречување на ракот на дебелото црево

Ореви за спречување на ракот на дебелото црево

Научниците од американскиот универзитет Конектикат откриле дека оревестите плодови го намалуваат ризикот од развој на ракот на дебелото црево.

Заклучокот научниците го извеле во текот на студијата над глувци на кои во исхраната им вклучиле оревести плодови. Глувците од седум до десет отсто од вкупното внесување калории го добивале од таквите плодови и како резултат на тоа забележана е помала појава на рак на дебелото црево.

Од седум до десет отсто од вкупното внесување на калориите е еквивалент на консумирањето на триесетина грама оревести плодови на ден во човековата исхрана.

„Нашите резултати првпат покажуваат дека консумирањето на оревестите плодови може да ја редуцира појавата на рак на дебелото црево“,пишува Даниел Розберг, кој го водел истражувачкиот тим.

„Има сé повеќе докази дека ваквите плодови нудат низа полезни нешта за човековото здравје, а нашата студија покажува дека делуваат и како пробиотик за здравјето на дебелото црево“, додава.

Оревестите, или зрнестите плодови, ги содржат здравите незаситени киселини и се богат извор на витаминот Е.

Од претходно е познато дека оревите придонесуваат за здравјето на срцето, штитат од дијабетес и од невролошки нарушувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП