5 мај, 2024
ПочетнаКОРОНА"Merck": Нашиот лек ги намалува за 50 проценти ризиците кои ги носи...

“Merck”: Нашиот лек ги намалува за 50 проценти ризиците кои ги носи КОВИД-19

Германската фармацевтска компанија “Merck” објави дека нивниот орален лек против Ковид-19, молнупиравир, ги намали шансите за хоспитализација или смрт за 50 проценти кај пациенти кои се изложени на зголемен ризик од сериозни болести, покажаа прелиминарните клинички студии објавени денеска.

“Merck” и партнерската компанија Ridgeback Biotherapeutixs планираат да побараат одобрување во САД за итна употреба и ќе испратат апликации до здравствените регулатори ширум светот, објави Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Поради позитивните резултати, третата фаза од клиничкото испитување беше прекинато по препорака на независно супервизорско тело.

„Ова ќе ја смени приказната за тоа како да се бориме против Ковид-19“, изјави Роберт Дејвис, извршен директор на “Merck”.

Доколку добие дозвола, молнупиравир, дизајниран да ги препознава грешките во генетскиот код на вирусот, ќе стане првиот антивирусен лек за Ковид-19.

Прелиминарните анализи на 775 пациенти кои учествувале во студијата на “Merck” покажуваат дека 7,3 проценти од луѓето кои примале молнупиравир се хоспитализирани или починале 29 дена по третманот, во споредба со 14,1 проценти од оние на кои им било дадено плацебо.

Според АП, 30 дена по земањето на лекот, немало смртни случаи во групата, додека во плацебо групата имало осум смртни случаи.

За време на студијата, која беше спроведена низ целиот свет, молнупиравир се земал на секои 12 часа, пет дена.

Студијата вклучува пациенти кои имале блага или умерена форма на Ковид-19 и кои немале симптоми повеќе од пет дена.

Сите пациенти имале зголемен ризик, без разлика дали се работи за дебелина или припаѓаат на постара група на луѓе.

“Merck” изјави дека со секвенционирање, дошле до заклучок дека молнупиравир е ефикасен против сите соеви на коронавирус, вклучувајќи го и доминантниот сој на делта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП