27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали ќе пукне пазарот на недвижнини?

Дали ќе пукне пазарот на недвижнини?

Дали пазарот на недвижнини ќе пропадне до крајот на 2021-ва година? Повеќето експерти за „Yahoo Finance“ мислат дека нема.

„Луѓето велат дека сме во балон, но мислам дека терминот балон не е вистинскиот опис“, изјави Табита Мазара, директор за операции на хипотекарениот заемодавач „MBanc“.

„Меурот е нешто што ќе пукне. Го гледам како фаза. Пазарот е цикличен и може да има мала корекција, но нема да биде ни блиску до она што го видовме во 2008-ма година. Она што денес се разликува од она што го имавме во 2008-ма година е дека луѓето што ги исполнуваат условите за заеми се всушност квалификувани. Тие се кредитоспособни. Во моментов се наоѓаме во ситуација поради едноставна понуда и побарувачка“, смета таа.

Сличен став има и Ерик Рајт од компанијата за недвижности „New Horizon Homebuyers“.

„Мислам дека факторите што влијаат на сегашниот пазар се значително различни од 2008-ма година“, рече Рајт.

Тој очекува пазарот да почне да се лади, но дека ќе биде повеќе смирувачки отколку крах“, пишува „Yahoo Finances“.

„Сепак, јас секогаш гледам како можам да се подготвам во случај да се случи нешто драстично во случај навистина да доживееме колапс кај недвижниот имот“, рече тој.

„Обидот да се подготвиме за евентуален пад на пазарот на недвижности е нешто како да се подготвуваме за можен пожар во куќа“, рече Клеј Ришер, инвестициски експерт и колумнист за „Nareit“, публикација за комерцијални, станбени и хипотекарни недвижности и инвестициски фондови.

„Сѐ што можете да направите е да го намалите ризикот што е можно повеќе и да се надевате на најдоброто“, советува Ришер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП