25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера на новиот „Jeep Grand Cherokee“ (ФОТО/ВИДЕО)

Светска премиера на новиот „Jeep Grand Cherokee“ (ФОТО/ВИДЕО)

Американскиот производите „Jeep“ официјално ја претстави новата, петта генерација на моделот „Grand Cherokee“.

Освен новиот, помодерен дизајн, што веќе го видовме на полуксузната верзија „L“ со 7 седишта на почетокот на годината, најважната новина се однесува на погонските системи.

Имено, за прв пат „Grand Cherokee“ има хибриден погон „plug-in“.

Хибридната верзија ќе ја носи ознака „Grand Cherokee 4xe“.

Во срцето на погонскиот систем е 4-цилиндричен 2.0-литарски турбо-бензински мотор, на кој, како и кај моделот „Jeep Wrangler 4xe“, му помагаат два електрични мотори, додека електричната енергија се складира во батерија од 17 kWh.

Вкупната комбинирана моќност на хибридниот погон е 380 КС (280 kW), а максималниот вртежен момент е 637 Nm.

Производителот тврди дека автомобилот во чисто електричен режим на возење надминува 40 километри, а вкупниот радиус на движење во хибриден режим достигнува 708 километри.

Инаку, верзијата „4xe“ му овозможува на возачот да избере еден од трите режими на возење „E Selec“: хибриден, електричен и „eSave“.

Во првиот случај, тркалата се напојуваат со електрични мотори и мотори со внатрешно согорување, а автомобилот ја оптимизира работата на батеријата и бензинот за најдобра рамнотежа помеѓу потрошувачката и перформансите на горивото.

Во електричниот режим, предност се дава исклучиво на електричното возење, а бензинскиот мотор се стартува само кога батеријата е празна или кога возачот бара силно забрзување.

Од друга страна, „eSave“ го фаворизира погонот од мотор со внатрешно согорување, заштедувајќи ја батеријата за подоцнежна употреба.

На домашниот пазар во САД, новиот „Grand Cherokee“ исто така ќе биде достапен со конвенционални погонски агрегати.

Основната верзија ќе биде придвижувана од „Pentastar“ 3.6-литарски V6 мотор со 298 ks (219 kW) и вртежен момент од 353 Nm, додека врвот на гамата ќе биде 5.7-литарски V8 со 361 ks (266 kW) и 529 Nm.

Треба да се напомене дека сите верзии имаат способност да влечат тешки приколки. Во случај на хибридите, максималниот капацитет за влечење е 2.720 kg, во верзијата В6 e 2.812 kg, а во верзијата В8 дури 3.265 kg.

Во зависност од верзијата, моделот „Grand Cherokee“ од новата генерација ќе биде достапен со еден од трите системи 4×4: „Quadra-Trac I“, „Quadra-Trac II“ и „Quadra-Drive II“ со заден електронски диференцијал со ограничено лизгање (eLSD).

Секој има активна разводна кутија за оптимална распределба на вртежниот момент на тркалата со најдобар стисок.

Стандардна е воздушната суспензија „Quadra-lift“, што овозможува растојание до 287 mm од земјата, а „Grand Cherokee 4xe“ може да ги надмине водните пречки длабоки до 610 mm.

Системот за контрола на влечење „Selec-Terrain“ му овозможува на возачот да избере помеѓу пет различни режими на возење.

Новиот „Jeep Grand Cherokee“ ќе пристигне на американскиот пазар до крајот на годината, а во европските салони во втората половина на 2022-ра година.

Сѐ уште не е познато дали „Jeep“, освен хибридната верзија, планира некои други опции за напојување за Европа, но тоа, како и цената, најверојатно ќе го дознаеме за неколку месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП