20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбединети работници: Предизборен “поткуп“ или вистинска заложба за работниците?

Обединети работници: Предизборен “поткуп“ или вистинска заложба за работниците?

Движењето за социјална правда „Обединети работници“ ја изразува својата загриженост поради околностите поврзани со новиот предлог Закон за админситративни службеници, а во насока на содржината на истиот и тајмингот на неговото пуштање во јавност.

Со новиот предлог Закон за административни службеници се предвидува намалување на полното работно време за вработените во државната администрација на 36 часа неделно, односно само 4 часа во денот петок, нешто што на хартија звучи бајковито, но реалноста во Република Македонија е далеку од таква. Ваквите измени ќе придонесат за енормна разлика во статусот на вработените “под државна капа“ и вработените во приватниот сектор, промовирајќи привилегиран статус на државната администрација која што долги години е во заробеништво на владејачките партии.

Иако сме согласни дека на сите работници во Република Македонија треба да им бидат подобрени работните услови, како и нивниот статус при работен однос, сепак останува фактот дека овој закон се поднесува непосредно пред Локалните Избори, нешто што создава сомнеж дека истиот ќе биде манипулативно користен за добивање на што поголем број на гласови од страна на владејачката гарнитура.

ДСП „Обединети работници“ е против злоупотребување на работниците по било кој основ, а најмногу против сведувањето на работниците на обична гласачка машинерија која што се искористува во секој изборен циклус. Доколку владејачката гарнитура навистина има чесни намери во врска со подобрувањето на статусот на работниците во Република Македонија, ги повикуваме да започнат со активни заложби и носење на конкретни предлози со кои што ќе се подобри статусот и на вработените во приватниот сектор, со што ќе се постигне изедначување или во најмала рака приближување со оние вработени во државната администрација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП