28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПотоп во Словенија, Љубљана под вода - еднаш во 250 години (ВИДЕО/ФОТО)

Потоп во Словенија, Љубљана под вода – еднаш во 250 години (ВИДЕО/ФОТО)

Словенија беше погодена од силно невреме во средата попладне. Започна на североистокот од земјата, но обилните врнежи наскоро се проширија на целата земја.

Словенечките медиуми јавуваат дека се поплавени подруми, се соборени бројни дрвја и оштетен покрив на станбена куќа. Метеоролозите посочуваат дека според нивните пресметки, толку многу дожд паѓа еднаш во 250 години за толку кратко време.

Обилен дожд падна во текот на ноќта, а најтешка беше ситуацијата во Љубљана. Така, во населбата Вишмарје, водата го поплави подземниот премин во кој автомобилот остана заробен, но возачот за среќа успеа да избега без повреди.

За само 10 минути во љубљана наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен.

Метеорологот Рок Косан рече дека за време на невремето, вкупно 93 литри на метар квадратен паднале во паркот на природата Горичко, и 88 литри во Љубљана.

„Во овој краток период падна повеќе дожд отколку во изминатите два месеци заедно“, рече Косан.

Словенечката администрација за заштита и спасување (СПИН) објави дека пожарникарите имале полни раце работа во Белтинци, каде што пумпале вода од неколку објекти, а припадниците на противпожарната бригада од Герлинци го гаснеле пожарот што избувнал откако гром удрил во дрво.

Водата го преплави и театарот.

Јернеј Пристов, портпарол на театарот, рече дека за време на претставата, водата почнала да паѓа од покривот.

„Покривот беше дотраен, водата паѓаше на сцената и зад сцената“, рече тој.

Шоуто беше прекинато и луѓето беа евакуирани. Струјата е исклучена, а во моментов не е можно да се процени штетата.

„Вакво нешто никогаш не се случило во историјата на театарот“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП